За нас

Подружницата ГРАН Маркет претставува изложбен салон за целиот асортиман на производите на ALFA PLAM, дрвен пелет BIOENERGY POINT, правосмукалки и чистачи за пепел RIBITECH од RIBIMEX, бојлерите BRAUN од BANDINI, алатка за пренос на дрва, пелет и товар GRANELEVATOR, иноксни монтажни оџаци ATRITUBE, заштитни инструменти и аксесоари кои ја подобруваат функцијта и ефикасноста на грејните тела (термовентили, термостати, автоматики за комбинирано греење итн), фитинг, цевки, радиатори, електрични греалки, конвектори, клими од реномирани светски производители.

Не заборавајте дека во нашиот Маркет може да ги најдете сите резервни делови за сите модели од програмата на Алфа Плам. Портфолиото на понудени производи е систематски избрано следејќи ги потребите на потрошувачите, базирано на нивната комплементарност како и квалитет и практичност во употребата. Секако нашиот персонал бесплатно Ви стои на располагање да Ви понуди совет или комплетно решение за греење и ладенње на Вашиот дом. За грејните тела од програмата на Алфа Плам, како и за климатизација за домаќинства нудиме и комплетна монтажа.

Со купување на било кој голем апарат или пелет, нашата дистрибуција Ви го доставува бесплатно до дома. Се за да ја ОЛЕСНИТЕ ДОСТАВАТА НА ТОПЛИНАТА ВО ВАШИОТ ДОМ.

ALFA PLAM – Основната дејност на ALFA PLAM е производство на грејни тела на пелет, цврсто, течно и гасно гориво, шпорети на струја, како и комбинација на струја-гас. Производите на ALFA PLAM првенствено се наменети за домаќинство. По обем на производство, пласман и квалитет ALFA PLAM претставува лидер во производството на грејни тела во Србија и Југоистична Европа, сврстувајќи се во редот на топ 5 најголеми во Европа.

RIBIMEX – Со повеќе од 40годишно искуство во производи за градинарството, домакинство и DIY(do it yourself), со производите на RIBIMEX Ви е овозможено најдобро завршување на домашните обврски. Со линијата RIBITECH BY RIBIMEX ви нудиме правосмукалки за пепел, алатки и аксесоари за чистење оџаци и ќумци, како и преносни колички кои немаат конкуренција во однос на квалитет, истрајност и функционалност.

BIOENERGY POINT – Основана за вршење на дејност во рамките на производство од обновливи извори на енергија во 2007год, во 2008год започнува како пионер во производство на пелет во фабриката во Бољевац, Источна Србија. Денес претставува лидер на српскиот пазар, со очекување набрзо да пушти уште еден погон во функција со зголемено годишното производство од сегашните 60.000т на 80.000т со што би прераснала најголема од овој тип на Балканот.

BANDINI – Со повеќе од 50год искуство, истражување BANDINI технологијата прогресирачки ги адаптираше производите кон високите барања на светскиот пазар, како во квалитет така и во квантитет. Така, BANDINI бојлерите денес се продаваат на: Балканот, Блискиот Исток, Северна Африка, Азија, Русија, и насекаде во Европа.