Сервис

ГРАН ЕКСПОРТ СЕРВИС

gran-service

Подружницата ГРАН сервис од 1998годинa претставува овластен и специјализиран сервис на производите на Алфа Плам за Р. Македонија.

Професионално обучениот и посветен тим на сервисери и административна поддршка, располагањето со секој резервен дел на комлетниот асортиман во секое време, двата магацински пункта и маркет за резервни делови како и теренските сервисни возила овозможуваат ГРАНсервис да биде составен дел успехот на Алфа План на македонскиот пазар како бренд-лидер во својот домен на стопанисување.

Освен теренското сервисирање и едукација во гарантниот рок, ГРАН сервис врши одржување на комплетниот програм на Алфа Плам и во вонгарантниот период, како и продажба на резервни делови.

Со купување на кој било производ од пелетниот програм на Алфа Плам нашиот сервис Ви обезбедува бесплатно прво пуштање во употреба и едукација.

За тоа Ви стои на располагање нашиот професионален сервисен тим, како и 11 договорни сервиси низ Македонија, професионално обучени да Ви ОЛЕСНАТ ДОСТАВАТА НА ТОПЛИНАТА ВО ВАШИОТ ДОМ со печките на пелет на Алфа Плам.

Исто така ГРАН СЕРВИС е овластен сервисер на бојлерите Бандини и правосмукалките за пепел Рибимекс.

 

Сервисни центри во Македонија