Како да ја зголемите ефикасноста на греењето со пелети?

Повеќето корисници се одлучуваат за систем за греење на пелети со цел да се зголеми нивото на удобност што го обезбедува овој вид греење, но економските и еколошките аспекти не треба да се запостават. Подолу се дадени неколку совети кои ќе ви помогнат да ја зголемите ефикасноста на системот за греење на пелети.

Избор на соодветно грејно тело

Првиот чекор кон ефикасен систем за греење на пелети вклучува избор на соодветно грејно тело, односно печка, шпорет или котел што користи пелети како гориво. Вообичаена ситуација е што клиентите, од страв дека не можат да го загреат својот дом, избираат грејни тела со поголема моќност отколку што навистина им треба. Во техничките спецификации на производителот на котелот на пелети, обично се дадени два податоци за минималниот и максималниот волумен или грејната површина, бидејќи услов за правилно функционирање на системот е радијаторот да работи со минимум 60{167dae766eefc6189ab000d4937b94a37b254ab8146190b52a398d5389cc5010} од својата моќност. Затоа, при избор на грејно тело, следете ги препораките на производителот и изведувачот на системот за греење.
Редовно чистење и одржување на системот за греење на пелети
Еден од условите за непречено функционирање на печките и котлите на пелети е нивното редовно одржување. Чистењето се врши на дневна, неделна и месечна основа, а покрај редовното одржување, треба најмалку еднаш годишно да се изврши годишна детална проверка. Годишната проверка вклучува замена на врвките на ложиштето, пепелниците или вратата доколку се оштетени или одлепени, како и замена на ложиштето за согорување доколку е оштетено. Доколку неможете сами да го извршите годишното одржување обратете се до овластениот сервис на Алфа Плам. Доколку се одлучите за таа годишна услуга да ја направи овластениот сервис, најдобро е да закажете по завршувањето на грејната сезона, со цел да се подготвите за следната навреме. Во делот на годишното одржување немојте да заборавите чистење на ќумците и оџакот од страна на овластено лице.

Избор на пелети со соодветен квалитет

Друг клучен фактор за функционирање на системот на пелети е изборот на пелети. Тешко е да се препознае вистинскиот квалитет на пелети, но најбезбедно е да се бара ознаката ENplus на пакувањето на пелетите. ENplus е светска шема за сертифицирање на пелети од дрво што гарантира квалитет на пелети преку контролиран проток во синџирот на снабдување од производителот, трговецот, до испораката до крајниот потрошувач. Квалитетните пелети содржат низок степен на влажност (под 10{167dae766eefc6189ab000d4937b94a37b254ab8146190b52a398d5389cc5010}) при што ослободуваат поголема топлинска моќ на килограм и го прават системот за греење поефикасен. Пелетите со соодветен квалитет оставаат минимална количина пепел за време на согорувањето. Поголема количина пепел за време на согорувањето посочува на тоа дека пелетот може да содржи кора од дрво или поголем процент на влага, што доведува до формирање згура во ложиштето и ја намалува ефикасноста на грејното тело.

Поставување режим на работа

Печките и котлите на пелети се технички и технолошки комплексни производи и даваат можност за прилагодување на системот за греење на потребите на секој корисник. Може да програмирате кога да се вклучи печката, температурата и времето на работа. Како и за сите други видови греење, потрошувачката зависи од температурата што сакате да ја постигнете, но исто така и од изолацијата на самиот објект, столаријата и други фактори. Општо, препорачливо е кога печката ја достигнува посакуваната температура, котелот треба да работи со минимална моќност, без нагли промени во функциите, што значително би ја зголемиле потрошувачката на пелети.

Кога ќе го земете предвид сето ова, греењето на пелети може да биде удобен, економичен и ефикасен начин за загревање на Вашиот дом. За сите дополнителни прашања и проблеми, нашата услуга за техничка поддршка е достапна:
Call Центар: 02/3176-185
Е-маил: servis@gran.mk

Остави Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *